Дома Тенис Ќе се слави во Србија – се подготвува спектакл за пречек на Ѓоковиќ

Ќе се слави во Србија – се подготвува спектакл за пречек на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја исполни својата голема цел и го освои златото на Олимписките игри во Париз откако во финалето вчера го победи Карлос Алкараз.

По повод освоеното прво злато за Србија на едни Олимписки игри медиумите најавуваат дека на Новак му се подготвува спектакуларен пречек во Белград.

Покрај Ѓоковиќ медали за Србија освоија двоецот во стралштво Зорана Арнаутовиќ и Дамир Микец.

Така заедно со Ѓоковиќ сите кои ќе дојдат до златото ќе имаат чест да бидат спектакуларно пречекани, но јасно е дека во центарот на вниманието ќе биде Ѓоковиќ.

Пречекот најверојатно би се случил на 13. август. Олимписките игри завршуваат два дена претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Крај на чекањето за Мусети: Преку Фриц до трофеј во Лион!

Лоренцо Мусети славеше во два сета во финалето во Лион и стигна до третата АТП-титула во с…