Дома Фудбал Репрезентации „Ќе ни требаат скутери да го запреме Мбапе“

„Ќе ни требаат скутери да го запреме Мбапе“

Вечерва Полска игра против актуелниот светски шампион Франција, Французите секако се фаворити, но во Полска веруваат во изненадување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик на прес-конференцијата доби прашање од новинарите како би го запреле Килијан Мбапе. Напаѓачот на Јувентус се пошегува изјавувајќи дека ќе им бидат потребни скутери да го запрат Мбапе.

„Како ќе играме против Мбапе? Мислам дека ќе ни требаат скутери да го направиме тоа, навистина е премногу брз. Тешко е да играте против еден од најдобрите во светот. Треба да играме тимски и да соработуваме, затоа што не постои човек кој „еден на еден“ може да го запре“, изјави Милик.

Франција и Полска осминафиналниот натпревар го играат денес од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе го „пецна Арбелоа по натпреварот, па тренерот на Реал експресно го „уништи“

Килијан Мбапе повторно крена голема прашина по синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ов…