Дома Фудбал Италија Ќе го „скрши“ ли Манџукиќ „проклетството“ на деветката во Милан?

Ќе го „скрши“ ли Манџукиќ „проклетството“ на деветката во Милан?

Милан денес и официјално го потврди трансферот на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Искусниот голгетер пристигна во Милан да го засили нападот на „росонерите“ и да му помогне на Златан Ибрахимовиќ во борбата за титулата. Во Милан Манџукиќ ќе го носи дресот со број девет.

Уште од заминувањето на Пипо Инзаги во 2012 година, „деветката“ нема вистински сопственик кој достојно ќе го носи бројот кој во Милан во минатото го носеа, Клајверт, Веа, Ван Вастен…Во меѓувреме по Инзаги „деветката“ ја носеа Криштоф Пјонтек, Гонзало Игуаин, Андре Силва, Џанлука Лападула, Луиз Адријано, Фернандо Торес, Алесандро Матри и Алесандре Пато.

Сите споменати не оставија некоја посебна трага во црвено-црниот дрес иако од неколкумина имаше големи очекувања. Останува да видиме дали Манџукиќ ќе го сруши тоа проклетство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ристовски: После бурниот период, ова е премија за мене

Динамо Загреб се пласираше во осминафинале на Лига Европа откако во првото коло од нокаут …