Дома Фудбал Љубомора или реалност: Ракитиќ го коментираше трансферот на Кутињо и изненади многумина

Љубомора или реалност: Ракитиќ го коментираше трансферот на Кутињо и изненади многумина

Филипе Кутињо и официјално е нов играч на Барселона, каде што пристигна за 160 милиони евра од Ливерпул.

Официјалната презентација ќе биде во понеделник, додека по победата од 3:0 против Леванте на навивачите им се обрати преку Твитерот на клубот. Неговото доаѓање го коментираше и Иван Ракитиќ.

„Моето мислење не е важно, но цената е малку превисока. Така диктира пазарот. Секој голем играч е добредојден овде. Му честитам на претседателот и на сите останати кои го направија овој трансфер. Тој сега е дел од семејството, во најголемиот клуб во светот, ќе уживаме со него“, изјави Хрватот.

„Среќни сме што ни се приклучи нов играч, еден од најдобрите. Јасно е дека нема да игра во ЛШ, но тоа го знаевме. Треба да му дадеме време да се прилагоди, ќе ни помогне во лигата и Купот“, додаде Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…