Дома Топ вести Јувентус спреми понуда за Зиркзе

Јувентус спреми понуда за Зиркзе

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зиркзе ова лето пристигна како големо засилување во Јунајтед, но разочара во досегашниот дел од сезоната, а и новиот тренер нема да смета сериозно на него. Поради тоа би можел да ја промени средината во јануари.

И самиот фудбалер не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“ и сака да се врати во Италија, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Јувентус и Милан ја следат ситуацијата, а „бјанконерите“ се фаворити за неговиот потпис поради Тиаго Мота, кој има одличен однос со Холанѓанецот.

Јувентус сака да го доведе на позајмица со задолжителен откуп следното лето за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…