Дома Останати Кошарка Јокиќ се шегуваше со Дончиќ: Многу си ослабел (Видео)

Јокиќ се шегуваше со Дончиќ: Многу си ослабел (Видео)

Никола Јокиќ танцуваше на паркетот, додека Лука Дончиќ го следеше од клупата. Српскиот центар во победата на Денвер против Лејкерс (131:126) одигра уште еден одличен натпревар, постигнувајќи 28 поени, 7 скокови и 5 асистенции, додека на другата страна не беше присутен Словенецот кој одмараше поради замор и преголем број на последователни натпревари.

Двајцата се добри пријатели, што е познато, па така Јокиќ го искористи моментот за да се пошегува со него. По првата четвртина му пријде на Лука, се прегрнаа срцечно и малку разговараа.

Иако не може точно да се слушне што му рече, по реакциите и потезите на Никола може да се заклучи дека се шегува за неговата тежина и му сугерира дека значително ослабнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ со магичен потег во НБА пресезоната

Јокиќ го воодушеви светот со неверојатен пас зад грб во пресезонската средба против Јута Џ…