Дома Фудбал Јилдиз ѝ пресуди на Џенова: Тудор дебитира со триумф во Јувентус (Видео)

Јилдиз ѝ пресуди на Џенова: Тудор дебитира со триумф во Јувентус (Видео)

Фудбалерите на Јувентус забележаа минимална победа од 1-0 против Џенова во рамките на 30. коло од италијанската Серија А. Овој натпревар беше посебно значаен бидејќи претставуваше прв официјален дуел за новиот стратег на „бјанконерите“, хрватскиот тренер Игор Тудор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол на средбата го постигна турскиот талент Кенан Јилдиз, кој со прецизен удар ѝ донесе три бода на „Старата дама“.

Со оваа победа, Јувентус успеа да остане во чекор со Болоња во битката за висок пласман, задржувајќи се на само еден бод заостанување од четвртото место по 30 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…