Дома Фудбал Јуриќ изненади со Дибала: Направи потег каков што никој не очекуваше

Јуриќ изненади со Дибала: Направи потег каков што никој не очекуваше

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ е пред отказ во Рома, а сега изненади со неговиот потег пред утрешниот натпревар.

Имено, Аргентинецот Паоло Дибала не доби повик за натпреварот со Болоња. На прес-конференцијата како објаснување Јуриќ изјави дека Дибала се соочил со мал физички проблем, но во Италија веруваат дека тоа е само оправдување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала бил шокиран од ваквата одлука бидејќи се чувствувал подготвен да игра, но по одлуката на Јуриќ нема да биде ниту на клупата.

Од почетокот на сезоната Дибала е еден од најважните во Рома, а во летото одби и богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кровиновиќ замина во Бразил, а Гремио сега стравува од испаѓање

Шест кола пред крајот, бразилскиот великан е под линијата за опстанок. Поранешниот играч н…