Дома Фудбал Јунајтед ја отпиша суперѕвездата од 85 милиони евра. Три клуба му нудат спас

Јунајтед ја отпиша суперѕвездата од 85 милиони евра. Три клуба му нудат спас

Санчо веќе некое време е отпишан во Манчестер Јунајтед. Ерик тен Хаг не смета на англискиот крилен напаѓач, па веќе со месеци е во потрага по нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на декември се чинеше дека успеа да најде средина во која може да се обиде да ја спаси кариерата.

Билд тогаш напиша дека станува збор за Борусија Дортмунд, клубот од кој дојде во Јунајтед.

Јунајтед тогаш и плати на Борусија дури 85 милиони евра, но никогаш не добија ништо од Санчо за да ја оправдаат таа зделка.

Сега Јунајтед „фрли око“ на уште еден играч на Борусија и го гледа Санчо како начин да добие шанса да ја заврши работата што е можно полесно.

Станува збор за холандскиот напаѓач Дониел Мален, човекот кој БВБ го донесе од ПСВ за 30 милиони евра обештетување.

„Билд“ пред еден месец напиша дека „спектакуларна размена во која Мален и Санчо би ги смениле клубовите“ е на повидок за јануарскиот преоден рок.

Сега во приказната се приклучија уште два клуба. Англиски Телеграф наведува дека за Санчо се заинтересирани Лајпциг и Јувентус, но и дека Борусија Дортмунд се уште е во најдобра позиција да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…