Дома Топ вести Јунајтед спреми понуда – Јувентус спремен да прифати

Јунајтед спреми понуда – Јувентус спремен да прифати

Примарна трансфер цел на Жозе Мурињо е засилување на левата бековска позиција, а прва мета е играчот на Јувентус, Алекс Сандро.

Алекс Сандро и минатото лето беше на мета на неколку европски клубови, но на крајот остана во Торино. Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ нема да му понуди поголема плата, туку е спремна да го продаде на лето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јувентус за неговата слобода бара 60 милиони евра, сума која Мурињо е спремен веднаш да ја плати.

Единствен проблем за „црвените ѓаволи“ би можела да биде големата конкуренција, бидејќи са Сандро силен интерес покажуваат уште ПСЖ и Челзи.

Италијанските медиуми тврдат дека дел од целата операција може да биде Матео Дармијан, кој е на мета на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…