Дома Фудбал Лига на шампиони Јунајтед и Севиља прокоцкаа по два гола предност🎥

Јунајтед и Севиља прокоцкаа по два гола предност🎥

Два исклучително ефикасни и возбудливи натпревари во Лигата на шампиони. Манчестер Јунајтед ремизираше против Галатсарај, Севиља загуби од ПСВ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алехандро Гарначо во 11.минута и Бруно Фернандеш во 18.минута обезбедија предност од 0-2 за „црвените ѓаволи“,  но до крајот на полувремето Зијех намали на 2:1.

Во вториот дел Јунајтед повторно дојде до два гола предност, но следуваше комичен кикс на голманот Онана. Конечните 3:3 беа дело на Керем Актуркоглу.

Севиља исто така испушти два гола предност. Серхио Рамос погоди за водство, а Ел Незири зголеми на 2:0, потоа следуваше комплетен пресврт за ПСВ за конечни 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…