Дома Фудбал Италија Јунајтед и Интер пред договор: Лукаку се сели во Милано за 83. милиони евра

Јунајтед и Интер пред договор: Лукаку се сели во Милано за 83. милиони евра

0

Ромелу Лукаку во наредните денови би требало да го напушти Манчестер Јунајтед и како што стојат работите кариерата да ја продолжи во Интер.

Лукаку веќе неколку дена воопшто не тренира со екипата на Јунајтед, туку со играчите на Андерлехт. Се очекува Црвените ѓаволи да го казнат поради тоа бидејќи ги крши клубските правила.

Сепак, тоа е најдобар доказ дека Лукаку прави се само Јунајтед да го продаде до крајот на преодниот рок. Интерес за него покажаа Интер и Јувентус, а според пишувањата на италијанските медиуми Нероаѕурите се поблиску до договор.

Скај Спорт денеска објави дека претставници на Интер допатувале во Лондон за да го договорат трансферот со челниците на Јунајтед. Според последните информации преговорите се во напредна фаза и се очекува наскоро официјална потврда дека Лукаку е нов играч на Интер.

Трансфер цената за која се преговара е околу 83 милиони евра, а играчот ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…