Дома Фудбал Англија Јунајтед го прави Де Геа најплатен голман во светот!

Јунајтед го прави Де Геа најплатен голман во светот!

0

Давид Де Геа ќе стане најплатениот голман во светот, откако постигнал договор со Манчестер Јунајтед за нов долгорочен договор, пренесуваат англиските медиуми.

Де Геа ќе стане убедливо најплатениот голман во историјата на фудбалот, бидејќи Јунајтед се согласил да му обезбеди неделна плата од 375.000 фунти и така да заврши сагата околку неговата иднина.

Актуелниот договор на Шпанецот истекува следното лето, па постоеше сериозна опасност Јунајтед да го загуби голманот без обештетување.

Двете страни долго време водеа преговори за нов договор и на крајот најдоа заеднички јазик. Новиот договор ќе биде потпишан официјално по враќањето на тимот во Англија од предсезонските подготовки.

Шпанецот во Јунајтед е од 2011 година, кога дојде од Атлетико Мадрид, минатата сезона одигра 47 натпревари, а во 10 од нив не прими гол.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…