Дома Фудбал Репрезентации Јужна Америка и кажа „не“ на ФИФА: Нема да учествуваат на Мундијалите ако тие бидат на две години

Јужна Америка и кажа „не“ на ФИФА: Нема да учествуваат на Мундијалите ако тие бидат на две години

Сојузот на фудбалски федерации на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) на состанокот во седиштето на организација во Парагвај донесе одногласна одлука да не учествува на Светското првенство ако ФИФА го организира на две години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нема причина да се користи или оправдува промената која ФИФА ја промовира. Со оглед на тоа што десетте земји кои го составуваат КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на Светското првенство кое ќе се организира на две години, ние стоиме позади тоа“, стои во соопштението на Советот на фудбалски федерации од Јужна Америка.

Тие наведуваат дека таквиот проект е против фудбалската традиција на едно од најважните спортски случувања на планетата.

„КОНМЕБОЛ го поддржува Светското првенство кое е сега на сила бидејќи се покажа како успешен моодел кој го наградува трудот, талентот и работата“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал нема намера да запре, може да плати 70 милиони евра за фудбалер кој блеска на Мундијалот

Реал Мадрид гради извонредна екипа. „Кралевите“ се активни на трансфер пазарот, а во блиск…