Дома Фудбал Италија Јувентус ја одби понудата од Реал Мадрид за Пјаниќ

Јувентус ја одби понудата од Реал Мадрид за Пјаниќ

Јувентус ја одби понудата од Реал Мадрид и нема намера да го пушти Миралем Пјаниќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходната недела се шпекулираше за можна замена на играчи помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, но од тоа за сега нема да има ништо, бидејќи Бјанконерите во своите редови сака да го задржи Мирален Пјаниќ.

Угледниот АС пишува дека торинскиот клуб го одбил предлогот на Реал за размена на Пјаниќ и Крос, бидејќи смета дека репрезентативецот на БиХ е незаменлив. Сепак, интересот за Германецот секако останува.

Фали Рамадани минатата недела работеше во Мадрид, разговараше со челниците на кралскиот клуб, а на Пјаниќ наводно му била понудена плата од 10 милиони евра годишно. Сепак, договор не е постигнат.

Реал се спрема за продажба на Крос бидејќи на лето силно посакуваат да го донесат Пол Погба. За Германецот се заинтересирани неколку премиерлигашки клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…