Дома Топ вести Јувентус спреми понуда за ѕвездата на Монако

Јувентус спреми понуда за ѕвездата на Монако

Монако ја постави цената за играчот за врска и француски репрезентативец Орелиан Чаумени, пренесува „Калчомеркато“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од „кнежевството“ за 21-годишниот Чуамени бара 45 милиони евра, сума која се спремни да ја платат неколку европски гиганти.

Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден за француската репрезентација.

Јувентус сака да го донесе Французинот уште во јануари и е спремен да ја победи конкуренцијата.

„Бјанконерите“ спремиле понуда и ќе понудат 20 милиони плус потписот на Мекени, за кого е заинтересиран Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…