Дома Фудбал Италија Јувентус само поради Роналдо ова лето нема да оди во САД

Јувентус само поради Роналдо ова лето нема да оди во САД

0
ronaldo

Aктуелната сезона не е завршена, но се ближи кон самиот крај и голем број клубови се подготвуваат за летото, па така и Јувентус.

Јувентус во последните години често пати одеше на припреми во САД, но оваа година нема тоа да биде случај, а медиумите пишуваат дека тоа е така поради Кристиано Роналдо.

Имено, Роналдо има проблеми во САД поради аферата и обвиненијата кои ги доби од Кетрин Мајорга после објавувањето на веста од страна на германски „Шпигел“. Мајорга така започна судски процес за дело кое нема можност да застари. Роналдо одбива да ја прифати тужбата и дека не а американски државјанин целиот процес е блокиран.

Токму поради ваквите случувања Јувентус има намера своите натпревари од Интернационалниот куп кој секое лето се игра на три континенти место во САД своите натпревари да ги играат во Кина и Сингапур.


Следете го Sportski.mk и на


Не е сигурно дека Роналдо ќе има проблеми ако влезе во САД, но во Торино не сакаат ништо да ризикуваат со својата прва ѕвезда.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рафаел Ван Дер Варт го промени спортот! (ФОТО)

Рафаел Ван Дер Варт направи голема промена во својот живот. Поранешниот холандски фудбалер…