Дома Фудбал Јувентус објави големи загуби за минатата сезона

Јувентус објави големи загуби за минатата сезона

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека запишал загуби од 109.9 милиони евра за минатата сезона.

Раководството на „старата дама“ објави дека загубите минатата сезона биле значително поголеми од тие претходно поради пандемијата со корона ворусот.

„Загубите доаѓаат како последица од ефектот на пандемијата врз продажбата на билети, продукти како и пониски приходи од правата на фудбалерите“, објаснија „бјанконерите“.

Јувентус ќе ги покрие загубите со пари од акционерите, што значи дека вредноста на акцијата на клубот значително ќе падне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …