Дома Топ вести Јувентус не се откажува: Марсело во Торино следното лето!?

Јувентус не се откажува: Марсело во Торино следното лето!?

Јувентус ова лето предизвика вистински „земјотрес“ во фудбалска Европа со трансферот на Кристиано Роналдо, но „старата дама“ е спремна следното лето да донесе уште еден „крал“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека главна мета на „бјанконерите“ следното лето ќе биде левиот бек на Реал Мадрид, Марсело.

31-годишниот Бразилец има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година, но веќе најави дека е спремен за нова авантура во кариерата.

Медиумите шпекулираа дека Марсело уште ова лето ќе побара трансфер, а Јувентус внимателно ја следи ситуацијата.

„Тутоспорт“ пренесува дека Марсело е отворен да му се придружи на својот голем пријател Роналдо во Торино, а „бјанконерите“ се спремни да платат 50 милиони евра.

Реал ова лето успеа да го задржи Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“, па останува да видиме што ќе се случи следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…