Дома Топ вести Јувентус и Милан го сакаат Гринвуд

Јувентус и Милан го сакаат Гринвуд

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а „црвените ѓаволи“ потврдија дека тој повеќе нема иднина во клубот.

Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната, па ќе го раскинат договорот.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Јувентус и Милан и да го доведат талентот без обештетување.

Двата клуба се спремни да му понудат долгорочни договори, бидејќи сметаат дека може да биде голема фудбалска ѕвезда во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…