Дома Топ вести Јувентус за Роналдо освен Игуаин го жртвува и Дибала!?

Јувентус за Роналдо освен Игуаин го жртвува и Дибала!?

Вечерва е закажан состанокот кој ќе одлучи иднината на Кристиано Роналдо, а јасно во текот на денот познатите новинари ќе се обидуваат да стигнат до ексклузивни информации.

Најновата вест поврзана со оваа тема ја пренесува познатиот Италијанец, Танкреди Палмери кој на својот Твитер профил објави вест која можеби нема да им се допадне на навивачите на Јувентус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според неговите информации во Јувентус освен на Игуаин за кого се очекува да замине одобриле и заминување на Паоло Дибала со цел да се направи место во буџетот за Роналдо.

Од друга страна пак најави и дека Миралем Пјаниќ нема да го напушти Торино.

Доколку најавите на Палмери се покажат како точни, ова е сценарио кое многу веројатно не би им се допаднало на навивачите на „старата дама“.

За Игуаин во текот на вчерашниот ден се појави вест дека е пред договор со Челзи, но утрово пак неговиот брат кој е и агент излезе со изјава дека Аргентинецот не преговара со други клубови.

Кога е Дибала во прашање засега нема информации кој клуб би можел да го доведе доколку се реализира сценариото на Палмери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…