Дома Топ вести Јувентус го „краде“ Депај пред носот на Барселона

Јувентус го „краде“ Депај пред носот на Барселона

Јувентус е на чекор да го „украде“ Мемфис Депај пред носот на Барселона, пренсуваат италијанските медиуми.

Барселона веќе загуби едно сигурно засилување, откако ПСЖ успеа во последен момент да го „украде“ Жоржињо Вајналдум, а сега може да се случи истото со Депај.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ открива дека Јувентус му понудил на Депај 3 милиони евра повисока плата и подог договор. Барселона во моментов не е спремна да ја израмни понудата, па Холанѓанецот може да заврши во Торино.

Од „Камп Ноу“ не сакаат да учествуваат во наддавање, особено поради фактот што веќе го ангажираа Агуеро, па во моментов Депај е поблиску до Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…