Дома Топ вести Јувентус, Барса и Сити во атак на Донарума!

Јувентус, Барса и Сити во атак на Донарума!

Главна тема во италијанските медиуми денес е иднината на најталентираниот голман во Европа и член на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Донарума за неколку месеци, поточно во февруари ќе стане полнолетен и ќе може да потпише професионален договор, но преговорите со Милан за продолжување на договорот сеуште не се започнати.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Имено, новите кинекси сопственици сеуште не го комплетирале новото раководство, а актуелното раководство нема ингеренции да преговара, па европските гиганти гледаат шанса да го „украдат“ Донарума.

Иако самиот во неколку наврати истакна дека сака да остане во Милан, сепак неколку клубови сакаат да го искористат вакум просторот кај „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

Медиумите тврдат дека Јувентус сака да го донесе Џиџио како легитимен наследник на Буфон, но Барселона и Манчестер Сити се спремни да понудат „луда“ сума за да го добијат потписот на младиот голман.

Сепак, Милан нема така лесно да се откаже од својот бисер и ќе направи се за да го задржи во своите редови, а „Газета дело Спорт“ тврди дека прва мисија на новото раководство на „росонерите“ ќе биде да постигне договор за продолжување на соработката со Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…