Никола Јокиќ и официјално вторпат по ред стигна до МВП наградата во НБА лигата. Наградата српскиот кошаркар ја прими на оригинален начин во штала (тука).




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со ова Јокиќ стана само 13-тиот играч во историјата кој оваа награда ја добива во две последователни сезони. Скромен како и секогаш Јокиќ опиша како се чувствува.




„Сега не размислувам многу, но кога ќе бидам стар и дебел сигурно ќе им кажувам на децата дека некогаш сум играл добра кошаркар. Сите ме познаваат и знаат дека јас сум истото момче. Фактот што сум во друштво на оние кои пишуваа историја во оваа лига и овој спорт значи многу, тоа е неверојатно наследство кое засекогаш останува“, изјави Јокиќ.




Карим Абдул-Џабар, Јенис Антетокумбо, Лери Бирд, Вилт Чембрлен, Стиф Кари, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Мозес Мелоун, Стив Неш и Бил Расел се кошаркарите кои имаат повеќе од едно МВП признание.