Најдобриот светски кошаркар и трикратен МВП на НБА, Никола Јокиќ ќе ја предводи Србија на Олимписките игри во Париз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Избраниците на Светислав Кари Пешиќ многумина ги сметаат за најсериозен конкурент на Американците, кои ќе се борат за петтото злато по ред.
Репрезентацијата ги започна подготовките за турнирот, а како дел од нив играчите во кратко видео одговорија на прашањето што би правеле доколку не биле кошаркари.
Најмногу внимание привлече очекуваниот одговор на Јокиќ дека ќе биде одгледувач на коњи.
Позната е љубовта на Јокиќ кон коњите и коњичките спортови. Српскиот ас е сопственик на тркачка патека во родниот Сомбор, каде неговото семејство одгледува коњи.