Репрезентацијата на Србија денес ја запиша и третата победа на СП во исто толку натпревари, победена беше Италија со 77:92.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред самиот крај на натпреварот Србите можеа да се најдат во проблем бидејќи Никола Јокиќ многу лесно можеше да заработи исклучување. Хакет направи прекршок над центарот на Денвер, а тогаш Јокиќ го турна на паркетот.
Судиите прво донесоа одлука за исклучување на Јокиќ. Србија веќе имаше солидно водство, проблемот ќе беше тоа што Јокиќ ќе добиеше и суспензија од еден натпревар. Сепак нашите соседи имаа среќа, после прегледувањето на видео снимките судиите ја сменија одлуката само во неспортска лична грешка.
Причината поради што ја променија одлуката е затоа што Јокиќ не го удри, туку само го турна Хакет.
Jokic puts his Italian son in place pic.twitter.com/soc8EheU7C
— Main Team (@MainTeamSports) September 4, 2019