Дома Топ вести Јовиќ во јануари се сели во Милано

Јовиќ во јануари се сели во Милано

Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сака да го донесе во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

„Росонерите“ не се задоволни од Пелегри и ќе го пуштат да си оди во јануари, Жиру е често повреден, па сакаат да донесат нов напаѓач.

Јовиќ веќе подолго време е на радарот на Милан, а „Газета дело Спорт“ открива дека големи се шансите Србинот во јануари да се пресели на „Сан Сиро“.

23-годишниот напаѓач откако пристигна во 2019 година не успеа да се наметне во тимот на „кралевите“, па Реал е спремен да го пушти во јануари.

Милан го сака Јовиќ на позајмица со право на откуп, а се верува дека брзо ќе се договори со Реал со кого има одлични односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…