Дома Фудбал Германија Јоаким Лев учи шпански јазик, не е повеќе тајна кој клуб ќе го тренира после ЕП?

Јоаким Лев учи шпански јазик, не е повеќе тајна кој клуб ќе го тренира после ЕП?

Јоаким Лев на клупата на германската репрезентација ќе седи уште само неколку месеци.

Овој месец беше потврдено дека Лев ќе ја напушти Германија откако ќе заврши Европското првенство ова лето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој имаше одлични резултати како селектор на германската репрезентација со која во 2014. година застана на светскиот трон, но после 15 години одлучи за промена и наводно сега го бира првиот тим кој ќе го предводи.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Лев веќе учи шпански јазик бидејќи планира да работи во Шпанија. Претходно Лев се поврзуваше со Реал Мадрид и јавна тајна е дека сака да работи во Ла Лига.

Реал се интересираше за него откако во 2014. година го освои СП, па не е исклучена можноста токму тој на крајот од сезоната да го наследи Зинедин Зидан.

Во меѓувремен, се смета дека Ханси Флик, актуелниот тренер на Баерн, може да биде нов селектор на германската фудбалска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…