Дома Македонски спорт Јаховиќ се враќа во клубот каде што постигна најмногу голови

Јаховиќ се враќа во клубот каде што постигна најмногу голови

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ е пред враќање во клубот каде што постигна најмногу голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред крајот на преодниот рок 33 годишниот голгетер изгледа ќе направи трансфер од Анталијаспор во Гозтепе, клубот во кој настапуваше од 2016 до 2018 година и каде што постигна 35 гола.

Според информациите Јаховиќ се договорил за соработка од година ипол. Неговиот тим е на средината од табелата меѓутоа не е далеку од опасната зона, па Јаховиќ би требало да ја подобри ефикасноста.

Треба да се спомене дека Јаховиќ е најдобар странски стрелец во историјата на Гозтепе. Доказ дека преговорите се во завршна фаза е што Јаховиќ вчера за натпреварот на Анталијаспор не беше ниту на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …