Дома Фудбал Јаховиќ не се откажува: Потпиша за шестиот клуб во Турција

Јаховиќ не се откажува: Потпиша за шестиот клуб во Турција

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ на 37 години пронајде нов клуб во кариерата.

Јаховиќ не размислува за пензија, но ќе игра во пониските рангови во Турција и потпиша договор со Нерлидере од Бодрум. Овој клуб ќе биде негов шест во оваа земја.

Пред овој ангажман, Јаховиќ во Турција настапуваше за Гезтепе, Анталијаспор, Малатијаспор и Коњаспор. Надвор од Турција го носеше дресот на: Самара (Русија), Риејка (Хрватска), Ворскла (Украина), Вил (Швајцарија), Цирих (Швајцарија), Сараево (БиХ)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…