Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Јапонците повторно го воодушевија светот🎥

Јапонците повторно го воодушевија светот🎥

Навивачите на Јапонија вчера имаа причина да слават бидејќи ја победија Германија на Светското првенство во Катар, а потоа го воодушевија светот.

Додека фудбалерите го напуштаа теренот, јапонските фанови останаа да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија. Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

Исто така и јапонските фудбалери го исчистија нередот во соблекувалната и ја оставија чиста исто како што ја најдоа пред да дојдат. Притоа, имаа време да направат и оригами кои ги оставија во соблекувалната како подарок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

На Балогун му пропадна трансферот во Премиер лигата, а сега не е и во составот на Монако!

Американскиот напаѓач Фоларин Балоган не беше внесен во списокот на Монако за Лигата на ко…