Репрезентациите на Јапонија и на Саудиска Арабија обезбедија директен пласман на Светското првенство во Катар, додека селекцијата на Австралија ќе мора да игра во баражот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јапонија ја совлада Австралија со 2:0 во дирекната пресметка. Јапонците доминираа од самиот старт, а двата гола ги постигнаа во завршницата.
Резервистот Митома ги постигна двата гола во 89-та и во 94-та минута и ја однесе Јапонија на СП.
Саудиска Арабија својот натпревар од ова 9-то коло ќе го игра од 16 часот на гости кај Кина, победата на Јапонија ги израдува и нив. Тие секако остануваат на второто место, додека Австралија ќе мора да игра бараж.