Дома Топ вести Јамал има големи амбиции: Откри која е неговата цел во Барселона

Јамал има големи амбиции: Откри која е неговата цел во Барселона

Талентот на Барселона, Ламин Јамал истакна дека негова желба е да стане легенда на Барселона и ако тој се прашува никогаш не би заминал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од своето деби, Јамал сруши многу рекорди, но верува дека најдоброто од него допрва следи.

„Не би сакал никогаш да ја напуштам Барселона. Моја желба е да станам легенда на овој клуб. Навистина ми годи тоа што ме споредуваат со најдобриот во историјата, Лионел Меси, меѓутоа јас сакам да бидам оригинален, Ламин Јамал, нивото на Меси е тешко да се достигне“, изјави Јамал.

Нико Вилијамс многу се поврзуваше со Барселона, но на крајот не дојде.

„Сакам секоја недела да играм со Нико, навистина ми е добар пријател, не знам дали следната сезона ќе дојде, ќе видиме“, додаде Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Анчелоти е подготвен да го води Бразил и на Мундијал 2030

Од Бразилската фудбалска федерација (CBF) официјално го објавија новиот договор на селекто…