Дома Македонски спорт Мак фудбал „ЈАКО“ ја продолжи соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија

„ЈАКО“ ја продолжи соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го продолжи договорот со производителот на спортска опрема ЈАКО на уште две години.

„ЈАКО“, која е една од најпознатите германски компании за спортска опрема ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија до 2025 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Горди сме што ја продолживме соработката со ФФМ до крајот на 2025 година. Имавме незаборавни моменти од почетокот на нашето патување, меѓу кои присуството на ЕП 2020 и епската победа против Италија во плејофот во 2022 година. Очекуваме нови победи и незаборавни моменти во иднина“, соопшти производителот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…