Дома Фудбал Ѕвездите на Барселона по дербито: Дали треба да се воведе ВАР? Секако!

Ѕвездите на Барселона по дербито: Дали треба да се воведе ВАР? Секако!

Фудбалерите на Валенсија и Барселона ремизираа (1:1) во рамките од 13 коло во шпанската Примера, а натпреварот и резултатот останаа во сенка на не признаениот погодок на Лионел Меси во 30 минута од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот на крајот заврши 1:1. Поранешниот фудбалер на Валенсија, а сега фудбалер на Барселона, Жорди Алба по натпреварот зборуваше за моментот кој многумина сметаат дека го одлучи натпреварот.

„Бев на средината од теренот кога Меси шутираше и се виде дека е погодок. Неверојатно е тоа што судијата кој беше толку блиску не успеа тоа да го види. Дали би требало да се воведе ВАР? Секако, што побрзо, во вакви ситуации тоа е неопходно“, изјави Алба.

Покрај Алба зборуваше и Иниеста.

„Технологијата е најдоброто решение во ситуациите кога постои сомневање. Оние кои сакаат да ја воведат потребната опрема би требало да продолжат да ја анализираат ситуацијата и промените да ги донесат што побрзо“, изјави Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колумбијци го провоцираа Џака со српско знаме

Швајцарија беше последната репрезентација што си осигура Пласман во четвртфиналето на Свет…