Дома Фудбал Ѕвездата на Реал Мадрид призна: Бев пред потпис со Ливерпул

Ѕвездата на Реал Мадрид призна: Бев пред потпис со Ливерпул

Бразилската ѕвезда од редовите на Реал Мадрид потврди дека неговата кариера можела да има поинаков пат.

Родриго во 2017 година бил пред преселба во Англија и тоа во редовите на Ливерпул, но на крајот се одлучил да каже „не“ на „црвените“.

„Бев многу блиску да потпишам за Ливерпул во 2017 година. Се беше договорено, сумата изнесуваше три милиони евра. На крајот договорот пропадна затоа што јас кажав „не“. Одлучив да останам во Сантос и да испишам историја. Сакав и прво да го завршам училиштетото, а потоа да заминам“, изјави Родриго.

Бразилецот во последниот период се поврзува со можен трансфер во Челзи бидејќи конкуренцијата во Мадрид ќе се зголеми со пристигнувањето на Мбапе. Сепак, засега шансите се поголеми и идната сезона да го гледаме на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елшник отпадна за Скопје, Македонија ќе пречека ослабена Словенија

Повредата го отстрани Тими Макс Елшник од словенечкиот состав за завршните два натпревари …