Дефанзивецот на Лил, Свен Ботман потврди дека во зимскиот преоден рок стигнале понуди од Њукасл и Милан за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот одлучи да остане во Лил до крајот на сезоната, но потврди дека на лето ќе ја промени средината.
„Нивните понуди беа конкретни. Њукасл е добар проект, како ПСЖ и Сити кога беа на почетокот. Меѓутоа, Милан е прекрасен клуб и таму е привилегија за секој фудбалер да игра“.
„Одлучив да останам во Лил до крајот на сезоната бидејќи се чуствувам добро и играме во ЛШ. Мислам дека на лето ќе бидам спремен да направам чекор напред во кариерата“, изјави Ботман.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека дефанзивецот има договор со Милан и на лето ќе се пресели на Сан Сиро.