Баерн Михен е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат германските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баерн веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува уште Милан и Ливерпул.
Сабицер влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па Лајпциг мора да го продаде бидејќи следното лето ќе го загуби без обештетување.
Баерн веќе постигнал договор и за неговиот трансфер ќе плати 18 милиони евра.
Нагелсман одлично го познава Сабицер, а неговиот агент веќе ги договорил личните услови со Баварците до 2026 година.