Барселона го ангажираше Френки Де Јонг од Ајакс, но сака на лето да ја доведе и другата ѕвезда на холандскиот клуб, Матијас де Лихт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот има желба да се пресели во Каталонија, но неговиот агент Мино Раиола смета дека за него е подобро да замине во Јувентус.
Контроверзниот менаџер смета дека Торино е идеална средина за него и дека многу повеќе ќе напредува во кариерата покрај Киелини и Бонучи.
„Мундо Депортиво“ смета дека Раиола го има последниот збор и дека неговите фудбалери секогаш го слушаат нивниот совет.
Познато е дека Барселона не е во добри односи со Раиола уште од времето кога Златан Ибрахимовиќ го напушташе „Камп Ноу“.
Барселона и Јувентус се спремни да платат 50 милиони евра за потписот на Де Лихт, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.