Дома Фудбал Лига на шампиони Ѕвездата на Атлетико: Играчите на Ливерпул се како ѕверови!

Ѕвездата на Атлетико: Играчите на Ливерпул се како ѕверови!

Утре Атлетико Мадрид го пречекува Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони, а во таборот на „јорганџиите“ владее оптимизам.

Саул Нигез и Јаник Караско се оптимисти пред дуелот, иако Атлетико е во резултатска криза во моментов.

„Ова ќе биде тежок натпревар, но сите натпревари во ЛШ се тешки. Ако го направиме тоа што тренерот го бара од нас, можеме да го елиминираме Ливерпул. Најважно е да играме со срце и да дадеме се од себе. Навивачите ќе бидат со нас и ќе ни помогнат да пружиме добра игра“, изјави Караско.

„Ливерпул има зверови на средината на теренот, трчаат и вршат пресинг. Работите кои ги прават изгледаат ненормално. Клоп вели дека играат со срце, но се гледа дека секое движење на секој играч е планирано. Навистина вршат пресинг како животни“, изјави Саул Нигез.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…