Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ уште не го кажал последниот збор, српскиот снајпер е смирен под притисок“

„Ѓоковиќ уште не го кажал последниот збор, српскиот снајпер е смирен под притисок“

Рик Мејси, поранешен тренер на сестрите Вилијамс, смета дека Новак Ѓоковиќ не го кажал последниот збор во светот на тенисот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот тенисер неочекувано беше елиминиран на почетокот на турнирот во Индијан Велс, каде што беше надминат од Ботик ван де Зандшулп.

Тоа беше неговиот трет последователен пораз, што не му се случило од 2018 година.

Сепак, Мејси е меѓу оние кои веруваат дека Новак може да ја преобрати сезоната во своја корист.

„Никаде не оди затоа што е толку добар за да не биде тука. Се е прашање на неговото здравје и ум. Неговата ментална сила е заслужна за тоа што ‘српскиот снајпер’ останува смирен под притисок“, напиша Мејси на платформата „Икс“.

Новак е поразен по трет пат по ред, што не му се случило од 2018 година. Следна станица и можност за поправен испит е во Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…