Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место на најновата АТП листа и во моментов се наоѓа на шестата позиција, додека и понатаму прв е Италијанот Јаник Синер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот тенисер ја одбрани титулата на Австралија опен, откако во неделата во финалето на првиот гренд слем турнир на сезоната го победи Германецот Александер Зверев со 6:3, 7:6 (7:4), 6:3.
Синер е прв на АТП листата со 11.830 бодови, додека Зверев е втор со 8.135. Шпанецот Карлос Алкараз го задржа третото место со 7.010 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 5.050.
Норвежанецот Каспер Руд напредуваше за едно место и сега е петти тенисер во светот со 4.160 бодови, додека зад него е Новак Ѓоковиќ со 3.900 поени.