Дома Останати Тенис Ѓоковиќ даде поддршка на студентите: Вие сте најголема сила во Србија

Ѓоковиќ даде поддршка на студентите: Вие сте најголема сила во Србија

Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите, професорите и средношколците кои протестираат со недели и бараат одговорност за трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица.

Српскиот тенисер, освојувач на 24 титули од Грен слем, вечерта во среда се огласи на својот „Икс“ профил.

Како некој што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне.

Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила.

Тоа што на сите нас ни е потребно е разбирање и почит. Со вас, Новак,“ порача Ѓоковиќ, кој претходно ги поддржа и протестите против копање на литиум во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…