Дома Останати Тенис Ѓорческа немоќна против Русинката Кудерметова во Љубљана

Ѓорческа немоќна против Русинката Кудерметова во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана се игра за награден фонд од 100.000 евра. Таа во првото коло за ривалка ја имаше осмата носителка Полина Кудерметова од Русија.

21-годишната руска тенисерка Кудерметова, која се наоѓа на 164-то место на ВТА листата го доби мечот со 2-0 во сетови (61 62) за еден час игра. За настап во првото коло на турнири од оваа категорија се добива еден поен.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Инаку, Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи во конкуренција на двојки е пријавена да игра со Џил Тајхман од Швајцарија. Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнир во Пазарџик, Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…