Дома Останати Тенис Ѓорческа издоминира и ќе игра за финале во Кипар!

Ѓорческа издоминира и ќе игра за финале во Кипар!

Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во Аламинос, Ларнака на Кипар што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Таа денес во четвртфиналето ја совлада младата тенисерка од Русија Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (62 62) за 97 минути игра. Нашата тенисерка имаше одлична реализација на брејк топките 4/6, а воедно не и дозволи на ривалката ниту еден брејк од девет шанси. Според бројот на поени беше 73:51 за Ѓорческа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Првиот сет Ѓорческа „го отвори“ со водство од 2:0 и таа предност ја имаше до 4:2 во гемови, а потоа со уште два гема го заврши сетот со 6:2. Во вториот сет нашата тенисерка беше уште поубедлива и поведе со 4:0, а потоа само ја реализираше предноста и сетот повторно го заврши со 6:2 во гемови.

За пласман во финалето утре во полуфиналната пресметка нејзина противничка ќе и биде Италијанката Нурија Бранкачио (23 години, 240. то место ВТА) која со 2-0 во сетови 6:3 и 6:3 ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со неговиот потег ги воодушеви „Делии“ – во вакво издание досега не сме го виделе (Видео)

Кошаркарите на Црвена звезда остварија голема победа во 11-тото коло на Евролигата, ги сов…