Калин Ивановски беше елиминиран во Мадрид, но Лина Ѓорческа се пласираше помеѓу најдобрите четири на турнирот во Грција, Ираклион.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денес Ѓорческа беше подобра од Италијанката Софија Рочети. Македонската тенисерка фуриозно го започна мечот и во првиот сет на противничката и дозволи само еден гем. Вториот сет беше нешто понеизвесно меѓутоа Горческа повторно славеше со резултат 6:4.




За место во финалето Ѓорческа ќе игра против Бјанка Булгару која е шеста носителка на турнирот. Булгари Ѓорческа ја победи пред неколку дена во финалето на турнирот во Крит.




Калин Ивановски, остана без пласман во полуфиналето на турнирот од фјучерс-серијата во Мадрид, откако во денешното четврт-финале во два сета загуби во пресметката со домашниот претставник Жорда Санчиз.