Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја потврди импресивната форма и го освои Шангај!

Ѓоковиќ ја потврди импресивната форма и го освои Шангај!

Новак Ѓоковиќ докажа дека игра во феноменална форма.

Спрскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во финалето на Шангај славеше победа од 2:0 во сетови (6:3, 6:4) и така ја освои четвртата титула на овој Мастер, а 32 ако ги сметаме сите турнири од споменатата серија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Начинот на кој Новак го одигра финалниот натпревар во Шангај, но и преостанатите четири на патот до титулата беше импресивен. На пет мечеви Ѓоквоиќ не изгуби ниту еден сет и не дозволи брејк на ривалите, со што потврди дека се наоѓа во фантастична форма.

Со победата на овој Мастер, Новак исто така стигна до 72-та титула во кариерата.

На утрешната АТП ранг листа Ѓоковиќ ќе биде позициониран на втората позиција со 7.645 бодови, Рафаел Надал ќе ја задржи првата со 215 бодови повеќе од Србинот.

До крајот на годината Ѓоковиќ го чека мастерсот во Париз, а потоа учество на финалниот АТП турнир во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал во Мадрид доби уште едно престижно признание

Еден од најголемите тенисери во историјата и освојувач на 22 Гренд Слем титули, Рафаел Над…