Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја кажа својата главна цел за 2024 година

Ѓоковиќ ја кажа својата главна цел за 2024 година

Најдобриот светски тенисер во овој момент, Новак Ѓоковиќ зборуваше за своите цели во текот на оваа година, а во фокусот ги стави Олимписките игри.

Српскиот тенисер се надева дека ќе успее да дојде до златен медал со Србија ова лето во Париз, но затоа дефинитивно ќе мора да ја поткрене својата форма која во овој момент не е на највисоко ниво.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Олимписките игри се приоритет за мене. На последните три или четири игри не стигнав до финалето, но сега ситуацијата е поинаква. Ова ќе бидат првите игри на земјена подлога и сакам да бидам максимално подготвен“, кажа Ѓоковиќ.

Иако е лидер на АТП листата, впечаток е дека Ѓоковиќ во 2024 година не е така убедлив против ривалите, а Јаник Синер кој сега е второпласиран сериозно му се заканува да го симне од тронот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…