Дома Останати Ѓоковиќ: Спремен сум да се вратам во голем стил!

Ѓоковиќ: Спремен сум да се вратам во голем стил!

Новак Ѓоковиќ истакна дека физички и ментално е спремен и сака годината да ја заврши во голем стил на завршниот Мастерс во Лондон.

Ѓоковиќ од освојувањето на Ролан Гарос бележи резултати кои се далеку под неговите стандарди, од крајот на мај досега тој го освои само Мастерсот во Торонто, па го загуби и првото место на АТП листата.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Постојат периоди во кариерата кога постигнувате резултати какви што не посакувате. Мислам дека тогаш добиваш шанса да станеш посилен, да седнеш и да размислиш. Кога не се чувствуваш комотно и самоуверено, тогаш добиваш можност да учиш повеќе за себе си. Неколку пати сум го направил тоа и верувам дека можам да се вратам“, изјави Ѓоковиќ.

„Максимално сум подготвен и фокусиран на овој турнир. Се чувствувам одлично. Во Лондон ќе учествуваат осуммината најдобри и тоа мие последна шанса годината да ја завршам во голем стил“, додаде српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ивановски со одлична игра се избори за осминафинале во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа сигурна победа и обезбеди пласман во второто…