Основањето на Суперлигата го прокоментира и првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ е фан на Милан, а и „росонерите“ ќе бидат дел од ова натпреварување. Српскиот тенисер признава дека не е воодушевен од идејата.н
„Мораме да се информирам за се. Дали ова значи дека ќе ја нема Лигата на шампиони? Не може ли никој да игра освен тие 20 тима? Добро, тоа е насоката во која одеше фудбалот во последните 20 години. Се водеше кон тоа. Парите го диктираа темпото. Не можам да кажам повеќе од ова, на прв поглед не ми изгледа добро. Јас сум човек кој сака да се даде шанса на секого да се натпреварува на највисоко ниво. Тоа го сакам и во тенисот, тоа е всушност магијата на спортот“, изјави Ѓоковиќ.
Инаку, вчера првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин порача дека Лигата на шампионите ќе се игра со или без 12-те „одметници“.